Нападнат поранешниот градоначалник на Охрид
Објавено на 23 декември, 2013 во 07:51
Поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески за А1он потврдил дека вчера имало обид за напад врз него. Петрески ги негира информациите дека тој се здобил со повреди и побарал помош во охридската болница.
– Имаше обид за напад врз мене, но се чувствувам добро. Добар сум и нема никаква врска она што некои медиуми го напишаа, изјавил Петрески за порталот.
Од охридската полицијата не го коментираат инцидентот.
– Преземаме одредени активности со цел целосно расчистување на овој настан.Се до расчистување на случајот нема да излеземе со информаци, велат од СВР Охрид.