Иванов ќе бара поддршка од ВМРО ДПМНЕ за втор мандат

Објавено: 26 февруари, 2014, во 07:29 часот

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов ќе ја бара поддршката на партијата на Груевски за втор мандат,јави 24 Вести.

Иванов ја прифати иницијативата, која ја иницираше директорката на детската клиника Аспазија Софијанова и најави дека од денеска е кандидат на партиската конвенција на ВМРО ДПМНЕ на која треба да се избере претседателскиот фаворит на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот  во обраќањето, на кое како што рекоа од неговот кабинет, не биле  предвидено новинарски прашања. Се пофали и за сработеното.

Вели,  водел одговорна и принципиелна надворешна политика, водејќи сметка за националните и државните интереси: Иванов вели работел и на економски план заедно со Владата, да се отворат нови работни места. Тврди, пет  години не ги заборавил ниту граѓаните.

Официјализирањето на кандидатурата на Иванов, во Мала Речица дочекана со молк. Од ДУИ брифирата дека нема да коментирата се додека актуелниот претседател не стане и официјален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов шеф на државата.

Сепак ако се земат предвид пораките кои  о изминатиов период доаѓаа од ДУИ и лично од Ахметиво однос на кандидатура на Иванов, тогаш речиси е извесно дека одлуката на Ахмети ќе биде бојкот на претседателските избори и барање за нови предвремени парламентарни избори.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.