Поповски: Антициклон од југ ни носи стабилно време и магла по котлините

Објавено: 9 декември, 2025, во 08:15 часот

„Во овие утрински часови во Македонија имаме температури кои речиси насекаде се над нулата освен на повисоките населени места  и на планините каде се околу или за некој степен под нулата. Особено по колтините има значителна облачност или појава на магла. Времето претежно е тивко и без некој изразен ветер.

Инаку територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ што условува да имаме стабилно и суво време, со магла и со значителна ниска облачност по котлините.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија во овие утрински часови.

Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени поради очекуваната магла  и ниска облачност со што ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.

Наутро ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата, особено на повисоките населени  и на планинските места.

На вистинска зима со снег и понатаму ќе си чекаме,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.