Поповски: Ладни и магливи утра, преку ден релативно топло

Објавено на 30 октомври, 2025 во 08:32

„Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна  и сува воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата  и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла  или на ниска облачност по котлините  и по речните долини.

Минималните утрински температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени а преку денот ќе биде релативно топло со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, особено за време на викендот. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 5 до 6 степени а преку денот ќе се искачува до и околу 20 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.