Поповски: Плитката фронтална долина во Македонија ни носи многу врнежи и невреме!

Објавено на 23 април, 2025 во 09:45

Метеопрогнозерот Славчо Поповски во прогнозата за денешниот ден прогнозира дека под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во Македонија, од денес, среда, 23 април, се до крајот на недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд којшто за кратко време може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и  појава на град.

Токму поради ова апелирам на поголема внимателност.

И во Скопје и околината следува период на многу променливо време со повремен дожд. Во делови од колтината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие до крајот на оваа работна недела  ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, а постепено опаѓање ќе има за време на викендот.

За време на овој нестабилно – влажен период локално во нашата држава ќе наврне значително количество на воден талог, над 35 литри дожд,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.