Поштарите повторно ќе ги носат пензиите до домовите на пензионерите
Објавено на 26 јануари, 2022 во 11:08
АД Пошта информира дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома.
Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.
Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули.
Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.