Повремени прекини во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид

Објавено на 15 февруари, 2022 во 09:31

Денеска сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, ќе биде во прекин помеѓу 11.00ч. – 14.00ч. во времетраење од 10 – 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.