Православен календар: Ден за спомен на Светиот пророк Авдиј

Објавено на 2 декември, 2022 во 09:26

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеше во дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдиј не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог.

А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдиј собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4).

Современик на големиот пророк Илија, Авдиј многу го почитуваше Илија и го слушаше во сè како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.