Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Објавено: 8 август, 2022, во 16:27 часот

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак” во Прилеп.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, додека делегација во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност и одбрана положија цвеќе пред комплексот „Карпалак” во Прилеп.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.