Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово
Објавено на 15 септември, 2021 во 18:27
Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата.
Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Во пожарот што избувна пред една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.