Продолжува променливо облачно и врнежливо време

Објавено на 15 мај, 2023 во 09:09

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Особено вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер (над 60 км/час).

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.