Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд
Објавено на 2 септември, 2022 во 09:18
Времето денес променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.
Утре и во недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето.
Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.