Променливо облачно и потопло време
Објавено: 28 септември, 2022, во 09:17 часот
Денес ќе преовладува променливо облачно време, попладне на места, особено во источните делови нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер.
Утре и во сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи.



