Променливо облачно со слаб дожд
Објавено: 20 февруари, 2024, во 09:12 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до пет степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
До крајот на работната седмица времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. За време на викендот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер.
Дума.мк




