Променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Објавено на 17 мај, 2023 во 09:37

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната од 17 до 24 степени.

Во четврток ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.