Променливо облачно време,попладне со пороен дожд

Објавено на 29 мај, 2023 во 08:48

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 17 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно време, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде 13 степени, а дневната 26 степени.

И следните денови не очекува променливо облачно време, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.