Промовирана книгата „Идентитетиот е приказна“ од Иван Антоновски
„Идентитетиот е приказна“ од авторот Иван Антоновски вчеравечер беше промовирана во малата сала на Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Книгата е обид да се исчита есеистичкото творештво на Стефановски, преку текстови во кои има патокази, јасни насоки како да се создадат следните поглавја на нашата приказна.
„Токму во есеите на Горан Стефановски се клучните сегменти на она кои сме, кои сакаме да бидеме, што можеме да бидеме“, кажа Антоновски.
Промотор на книгата е Весна Мојсова Чепишевска, а фрагменти од книгата читаа актерките Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ.
Во „Идентитетот е приказна“ објавен и последниот тестаментален есеј на Горан Стефановски, „Искрата што се измолкнува“ наративи помеѓу чеканот и наковалната.
Инаку Иван Андоновски е асистент на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.