Пронајдено момчето од Битола кое исчезна пред два дена
Објавено: 29 јули, 2022, во 14:51 часот
Пронајден е Петар Дрогришки, 25-годишното момче од Битола по кое се трагаше два дена. Радосната вест ја објави сестрата на Петар, Сара.
-Петар е пронајден, здрав и жив! Ви благодариме на сите што учествувавте во потрагата, напиша Сара Исјановски на Фејсбук.
Претходно роднини и пријатели започнаа потрага по Петар, а на социјалните мрежи беа објавени пораки со апели за помош во неговото пронаоѓање.

