Растат бројките на новозаболени во Грција: Најмногу случаи во Миконос, Крф и Крит
Објавено на 8 јули, 2021 во 12:06
Грција втор ден по ред потврдува раст на бројките на новозаразени со Ковид-19. Во последните 24 часа се тестирале 60 илјади луѓе, а има 1,820 позитивни, што е најмногу во последниве пет недели.
Најмногу новозаразени има во Солун, Крит, Атика и на островите Миконос и Крф, пренесуваат грчките медиуми.