Растат цените на нафтата и на пченицата, паѓаат на криптовалутите

Објавено на 27 април, 2022 во 11:37

Цена за барел нафта утрово е 105 долари, додека берзата на криптовалути е во црвено.

Тоа значи дека нафтениот пазар од утрово бележи раст во однос на вчерашниот ден. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар е 105 долари, додека вчера цената беше 103 долари за барел. Цената на нафтата во САД изнесува 102 долари, што исто така е покачување во однос на вчерашниот ден.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 38.461 долар, што е намалување за околу 5% во однос на претходниот ден. Другите криптовалути се исто така во минус.

Пченицата и пченката од утрово поскапуваат. Цената на пченицата од утринава изнесува 1.095 долари за тон, што е зголемување од 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 803 долари за тон, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.