Се чекаат резултатите од обдукцијата и биолошките траги по убиството на Вања и Панче

Објавено на 5 декември, 2023 во 09:36

Четириесет и осумчасовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска, откако претходно таква мерка им беше изречена и на тројца осомничени, но и почеток на официјална истрага и покрената меѓународна потерница за првоосомничениот е епилогот од вчерашниот ден во врска со грозоморното убиство на 14-годишното девојче и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кое ја потресе јавноста во земјава, но и во регионот.

Се чекаат наодите од обдукцијата и од преземените биолошки траги, за МВР да излезе со соодветна кривична пријава против осомничените, по што Јавното обвинителство ќе отвори истрага за сите инволвирани.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.