Се намалуваат заразените со коронавирусот, вакцинирани се 828.770 граѓани
Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани.
ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.
Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.