Се одложуваат турнирот во мал фудбал и фолклорниот фестивал во Велес
Поради влошувањето на епидемиолошката состојба како и донесените нови ковид мерки кои забрануваат невакцинирани граѓани да присуствуваат на било каква манифестација, Општина Велес ги откажа сите култрни и спортски настани за месец август. Културните манифестации од „Велешко лето 2021“ како и традиционалниот „Турнир во мал фудбал“ и XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021, се одложуваат.
– Општина Велес ја известува јавноста дека поради актуелната состојба со Ковид-19 и новодонесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат. Општина Велес навремено ќе ја извести јавноста. Здрајето е заедничка одговорност, стои во соопштението на Општина Велес.
Сите одложени настани и манифестации ќе се организираат во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови и во формат, соодветен на условите.
Стефани Манева