Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница во Тетово бараат ново обвинение
Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение.
Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да има ново обвинение.
-Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен,а кој не е виновен, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.
Во петок најавија дека собирот ќе почне кај модуларната болница.
-Ние како фамилии на починатите во пожарот организираме протести и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот, ќе бидеме пред модуларната болница и ќе одиме преку центар до судот. Порачуваме сите граѓани на Тетово ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент, истакна Исмаили.
Дума.мк