Шекеринска: Членството во НАТО е заслуга на сите мировници
Објавено на 29 јуни, 2021 во 14:14
Учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО во Авганистан заврши.
-Одлуката во далечната 2002 година, да се замине на мисија во Авганистан не беше лесна. Но вашиот успех, да издржите сите овие речиси 20 години, дури и во моменти на наши разочарувања и да ја претставите својата земја во најдобро светло, беше уште поважен. Членството на Северна Македонија во НАТО, навистина е заслуга на сите над 3500-тини припадници во мисиите „Одлучна поддршка” и „ИСАФ”. Вие бевте влезницата на Република Северна Македонија да пристапи кон најмоќната воено-политичка алијанса. Ви благодарам!“, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.