Словенија бара помош од Македонија во справување со поплавите
„До Центарот за управување со кризи, како контакт точка на Република Северна Македонија, преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија, информираше попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.
Барање за помош е пристигнато и до Дирекцијата за Заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ на Словенија, која од четвортокот, минатата недела, се соочува со апокалиптични поплави, предизвикани од силното невреме што ја зафати земјата. Потребна е помош од тешка механизација како што се булдожери, багери и сл.
Дума.мк