Сончево и многу топло време
Објавено: 29 јуни, 2022, во 09:11 часот
Времето денеска сончево и топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени.



