Сончево и топло време, утре доаѓа невреме со пороен дожд
Објавено: 13 април, 2023, во 09:26 часот
Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од -2 до 3 степени, а дневната од 14 до 24 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места со поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Дума.мк


