Сончево со локална облачност и слаб ветер
Објавено на 24 март, 2023 во 09:04

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.
Температурата ќе се движи од 1 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер.
Дума.мк
