Сончево со мала до умерена облачност
Објавено на 18 јануари, 2022 во 09:34
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови.
До четврток времето ќе биде стабилно и суво, денес со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во четврток во ноќните часови и во петок претпладне. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Потоа следува период на многу студено време.