Сончево со мала до умерена облачност
Објавено на 15 март, 2022 во 09:26
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец.
До утре претпладне ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.
Од четврток ќе има зголемената облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег.
Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.