Сончево време со умерена облачност
Објавено на 6 септември, 2022 во 09:23
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во попладневните часови облачноста наместа ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд.