Состанок на комисијата за заразни болести, одлука за нови рестрикции поради индискиот сој

Објавено на 5 јули, 2021 во 10:08

Негативен ПЦР, сертификат за вакцинација или карантин се можните рестрикции за кои денеска Комисијата за заразни болести ќе разговара за да се спречи ширењето на делта-видот на коронавирусот.

Експертите предупредуваат дека прашање на време е кога индискиот , делта сојот на коронавирусот ќе дојде во земјава. Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Комисијата, рече тој, ќе проценува дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

-Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме – рече Филипче.

Во моментов, само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин, а за останатите влезот не е условен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.