Стигна третата пратка на апаратите за отпечаток од прст, ќе се чуваат во Домот на АРСМ
Објавено на 27 септември, 2021 во 14:38
Стигна и третата пратка уреди за биометриска идентификација на гласачите. Во пратката има вкупно 980 апарати, а ќе се чуваат во Домот на Армијата, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
-Во пратката има 980 апарати, односно куферчиња во кои се апаратите, и тие ќе се чуваат во Домот на АРСМ, бидејќи немаме доволно простор во Државната изборна комисија. По изборите, ќе се складираат во некој магацин со соодветно обезбедување. За два до три дена ќе стигне друга пратка, а потоа и трета. Праќаат повеќе од тоа што е договорено, и може да се почне со полнење, додаде Даштевски.