Коридорот 10 нема да биде завршен годинава – Актор го запрел градењето

Објавено на 26 јануари, 2017 во 12:24

Фирмата Актор која треба да гради четири делници од источниот крак, напуштила градилиште, а сметката година дена им е блокирана за 10 милиони евра, се наведува во извештајот на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, пишува српскиот портал Политика.

Грчки Актор нема работна сила, нема механизација и нема средства за градење на кракот кон Бугарија, а сметката година дена им е блокирана, стои во извештајот за градба на патот Ниш-Димитровград кој го направи работна група во декември од ресорното министерство.

Тоа е закана дека коридорот 10 нема да биде завршен до крајот на годината, како што беше најавувано.

Работната група која го составила документот смета дека претпријатијето Коридори Србија е виновно затоа што не ја следело динамиката на работа и не казнувало непочитување на договорот.

Тие направиле повеќе трошоци, но не казнувале за непочитување на договорот.

На Грците им уплаќале пари без одобрување од банка, а тие останале должни на добавувачите, не ја завршиле работата, ја напуштиле градбата и материјалот пропаѓа.

Овој документ во Чачак на новинарите го поделил Велимир Илиќ, лидер на Нова Србија и поранешен министер за инфраструктура.

Тој рече дека по формирање на Владата во рок од седум дена требал да биде директор на Коридор Србија. и тоа е причината поради која ќе излезе од владата.

Од министерството не ги коментираат овие детали и не сакаат да кажат како неовластени лица ги добиле овие документи.

Исплатени се 23.3 милиони евра за дополнителни аванси, за ослободување на гарантни депозити се платени 440 милиони динари и за отштета 1.1 милијарда динари.

Актор повлекувал пари, а работите не напредувале како што треба.

Оваа грчка фирма гради вкупно 48,7 км пат.

Оптимизам имаше за завршување на обиколницата Димитровград. За 6 години се изградени 7 км. Прво работите се доделени на австриската фирма Алпини, но таа банкнотирала, како и бугарската Трејс група. Грците во мај лани ја почнаа обиколницата, а требаше да биде готова во март оваа година.

Извор: Фактор

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.