Враќање на Неандерталецот?

Објавено: 23 јануари, 2013, во 11:24 часот

Како што пренесува LiveScience.com, во контроверзно интервју што предизвика коментари  ширум светот, професор по генетика  на Харвард  сугерираше дека „исклучително авантуристичка жена“ еден ден може да биде сурогат мајка на клонирано бебе  неандерталец.

„Покрај тоа што рече дека клонирањето на неандерталско бебе е можно во сегашноста, Џорџ Чрч, за „Дер Шпигел“ магазинот рече дека општеството може да има придобивки од користењето на стем клетки за создавање неандерталец.Првата секвенца  на неандерталскиот геном  научниците ја создадоа во 2010, при што пронајдоа генетски докази дека предците на модерниот човек се мешале со неандерталци. Последните истражувања покажаа дека неандерталската ДНК е 1 до 4% присутна кај модерните Евроазијци.

Според Чрч, придобивката вклучува генетска различност. „Она што е многу лошо за општеството е нискиот диверзитет“ . „Ако станете монокултура, поголем е ризикот од исчезнување. Затоа пресоздавањето на неандерталецот ќе биде можност да се избегне ризикот по општеството“. Во неговата книга „Регенеза: Како синтетичката биологија ќе ја пресоздаде природата и самите нас“,  Чрч пишува: „Ако општеството се прилагоди на клонирањето и ја види вредноста на човечката различност, тогаш неандерталското суштество би можело да се клонира со сурогат мајка шимпанзо- или исклучително авантуристичка жена. Тој нагласил дека не се залага наскоро да се раѓаат неандерталски бебиња од сурогат-мајки, но дека луѓето треба да почнат да разговараат за идејата денес, за да бидат подготвени за иднината. Дури и да е така, други научници велат дека идејата е оптоварена со етички прашања и научно е невозможна во блиска иднина. Сите не го делат интересот на Чрч за клонирање неандерталци. „Мислам дека не е фер луѓето да се ставаат во околности  во кои би биле исмевани или би се плашеле од нив, изјави биоетичарот Бернар Е. Ролин од Државниот универзитет во Колорадо за британскиот весник „The Independent“ .

Исто така е можно  неандерталското бебе да не е имуно на модерните инфективни болести и да не преживее. Неандерталците, нашите најблиски познати генетски роднини, изумреле пред околу 30 илјади години.  Сепак, последните истражувања покажуваат дека неандерталците и другите изумрени предци како денисованите можеби надариле некои луѓе со силен имунолошки систем. „Тргајќи ги настрана етичките прашања околу создавањето на осамениот примерок на изумрен човечки вид, осуден да биде чудовиште под микроскопот на славата.. морам да ја преиспитам увереноста на Чрч дека навистина ќе биде лесно да се клонира неандерталец“, рече Алекс Кнап за  „Форбс“. „Други цицачи беа клонирани. Но цената е – клоновите често имаат здравствени проблеми. На пример, првата клонирана овца Доли беше една од 29 ембриони и само таа преживеа“, рече Кнап. Тој вели дека и сурогат мајка избрана да роди клониран неандерталец исто така може да страда. „Вистината е дека успехот ќе бара десетици жени- од кои многу би поминале низ траумата на губење на бременоста што е неизбежно кога во прашање е клонирањето. Етичките импликации на овој едноставен аспект на процесот се прилично осудувачки“, изјави Кнап за „Форбс“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.