Што направи дупка во мразот во езерото во Русија: Нуркачи не успеаја да пронајдат остатоци од метеор! (видео)

Објавено на 16 февруари, 2013 во 23:44

Во дупката во езерото Чербакул, во која според извештаите падна метеорот,нема остатоци од него.

Радијацијата е непроменета и е нејасно што всушност падна во езерото. Нуркачите направија преглед во езерото во областа Чељабинск, потврди портпаролот на руското министерство за вонредна состојба Ирина Росиус.

„Нуркачите го прегледаа езерото, но не најдоа траги од метеорит,“ – рече Росиус.

Како потсетување, по метеорскиот дожд кој ја погоди руската провинција Чељабинск во која 1.200 лица беа повредени беа објавени слики од кратерите на замрзнато езеро каде метеор падна.

Гувернерот на Чељабинск регионот претходно изјави дека метеор паднал во езерото Чербакул, додека регионалната полиција информациите ги припишува на локалните рибари.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=SZLPQtX2Pw4{/youtube}

Радијацијата и понатаму останува во рамките на нормалата. Исто така, во анализата на езерската вода, не се забележани вредности над дозволено.

Метеори после Русија биле забележани и на небото над Куба и Калифорнија. Прочитајте повеќе Тука

Руски политичар Владимир Жириновскин тврди дека во Русија не паднале метеорити, туку дека се работело за тестирање на ново  американско оружје. Поопширно ТУКА

Извор: Б92

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.