Кратки рокови во битката против гладта!
На почетокот на новиот милениум светските лидери ветија дека ќе се справат со сиромаштијата, болестите, незнаењето и нееднаквоста.
Тие се издигнаа над општите заклучоци и се посветија на 5 специфични цели што треба да ги остварат до 2015.
Една деценија подоцна има некаков напредок, но многу земји сеуште се борат да ги остварат целите до 2015 година.
Генералниот Секретар Бан Ки Мун ги повика лидерите на 192 земји членки на тридневен самит во Њујорк за да се разгледа што е, а што не е направено.
Последните извештаи говорат дека најсиромашните држави во светот, особено Субсахарска Африка, малку направиле за намалување на сиромаштијата.
Во Африка, Азија и Латинска Америка нема напредок во намалувањето на смртноста на доенчињата и мајките, обезбедување пристап до примарна здравствена заштита и промоција на еднаквоста на жените.
Во неговиот извештај кој е подготовка за самитот, Бан Ки Мун рече дека светот има знаење и ресурси да ги постигне целите. „Денес нашиот предизвик е да се согласиме со агенда на активности“, рече Мун./Н.Р
Извор: NBC News
