Татко и син загинаа на Алпите!

Објавено на 17 март, 2013 во 14:52

Татко и дванаесетгодишен син од Британија се пронајдени мртви по паѓањето од стотици метри височина на Алпите.

Таткото и синот кои беа пријавени за исчезнати се пронајдени мртви.

Жртвите чии имиња не се објавени паднале од стотици метри височина од планината во Шамони.

Тие тргнале во саботата наутро со намера да стигнат на местото што планинарите го нарекуваат „раскрсница“ во областа Босон во долината Шамони.

Тоа е многу опасна област, особено во пролет кога снегот и мразот што се топат создаваат опасни услови на теренот.

Во саботата  околу 3 часот попладне таткото, на возраст од 48 години ги повикал спасувачките служби од неговиот мобилен телефон и пријавил дека син му исчезнал.

Се чини дека таткото загинал обидувајќи се да го спаси синот.

Таткото рекол дека неговиот син паднал и дека не може да го види.

Повикот бил упатен до полицијата во Бакингемшир од каде се мислело дека дошле обајцата, по што е започната потрага.

Во потрагата се користеа хеликоптери и специјални полициски сили, а телата се пронајдени во 19:40.

Патрис Рибс од планинарската полиција во Шамони ја потврди смртта која е предизвикана од „пад од неколку стотици метри“.

Капетанот Рибс изјави дека неговите служби соработуваат со британската полиција околу трагедијата./Н.Р

Извор: Daily mail

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.