Уганда ќе забрани мини здолништа!
Објавено: 12 април, 2013, во 16:12 часот
Властите на Уганда ќе носат забрана за носење на облека над колена. Законот против порнографија покрај облекувањето ќе ја опфати и цензурата на филмови а ќе се контролира и употребата на интернет.
Жените кои во јавност носат здолништа над колена би можеле да бидат уапсени и осудени на затворска казна.
Аналитичарите кои имале увид во предлог законот велат дека ова би ја вратило повторно земјата во времето на диктаторот Идиј Амин кој со декрет забранил носење на мини здолништа а владиниот закон би опфатил и забрана и цензурирање на многу филмови и телевизиски серии кои не се во склад со него. Со мерките ќе се ограничи личното користење на интернетот кој внимателно ќе биде надгледуван од страна на владини службеници.
Еден од министрите во владата овие планови ги објаснил како заштита на женските права како и дека ќе биде забрането какво било непристојно облекување, посебно изложување на интимните делови на телото кои предизвикуваат еротска желба.
“Се што е над колена е забрането ако жена носи мини здолниште,ќе биде уапсена“,додаде тој.
Ѕвездите како Бијонсе и Мадона ќе бидат забранети на телевизија,соопшти министерот Симон Локодо,поранешен католички свештеник и најголем поддржувач на овој закон.
Локодо изразил уверување дека законот многу брзо ќе биде усвоен додека членовите на парламентот во Уганда изразиле страв дека тој би можел да ја загрози уставно загарантираната слобода. Парламентарците стравуваат дека некои традиционални обичаи во Уганда би можеле да бидат прогласени за порнографски иако се втемелени во секојдневниот живот на жителите со децении./Б.Н.Т
