Страотно убиство во БиХ – маж закла жена!
Објавено: 23 април, 2013, во 16:04 часот
На улица, во градот Какањ во Босна и Херцеговина, на брутален начин, маж уби жена. По убиството мажот ја повикал полицијата.
Амел Марушиќ прво со автомобилот ја прегазил својата жена Насиха а потоа ја избодел со нож, пренесуваа босанските медиуми. Грозоморно и брутално убиство се случило на улица во местото Думанац каде околу пет години живееле сопружниците. Тие имале петгодишно дете а последните неколку недели живееле раздвоено.
– „Човекот прво ја удри сопругата со автомобилот. Таа беше заедно со мајка и. Потоа излезе со нож во рацете и ја закла пред минувачите, пред мене, пред мајка и… Потоа со силни удари почна да ја удира по телото, иако таа беше веќе мртва,“ раскажала една жена која била очевидец на случката. .
Портпаролката на босанското МВР, Алдина Ахмиќ соопшти дека полицијата врши увид на местото на настанот и дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.
