Словенија : Посебен данок, во услови на криза, од јуни ќе плаќаат и пензионерите!
Словенечката влада планира од јуни, годинава, да воведе кризен данок кој ќе се плаќа на секој вид остварен приход кој го надминува загарантираниот минималец и од него нема да бидат ослободени пензионерите, потврди денеска словенечкиот министер за економија Станко Степишник.
За пакетот мерки во кои спаѓа и кризниот данок, како и воведување на некои други даноции и такси кои владата службено треба да ги потврди на утрешната седница, владата веќе разговарала со синдикатите и работодавците во рамките на економско- социјалниот совет и со преставниците на опозицијата.
Во рамките на стабилизирањето на јавните финансии владата го предлага воведувањето на кризниот данок кој би се собирал од јуни и ќе зависи од висината на примањата. Би се одредувал според бруто исплата и ќе се собира до крајот на 2014 година до кога државата смета дека на тој начин во буџетот би се слеале 450 милиони евра. Би се применувала најниска стапка од 0,5% во зависност од примањата.
Просечната плата во Словенија, во февруари, годинава изнесувала 1.497, 55 евра а просечната нето плата нешто повеќе од 950 евра./Б.Н.Т
Извор: Аналитика.ме
