ВИДЕО: Експлозија на авион кој полетувал!
Објавено: 26 јуни, 2013, во 15:00 часот
Додека се подготвувал за полетување одеднаш откажал и експлодирал десниот мотор на авионот „Аирбус А330“ во кој се наоѓале 325 патници.
Инцидентот за кој истрагата е во тек се случил на аеродромот во Манчестер кон Доминиканската Република.
За среќа, авионот не полетал и пилотот успеал брзо да реагира и да ја врати контролата.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=PS1YAX70edc{/youtube}
„За сега можеме да потврдиме дека инцидентот се случи на аеродромот во Манчестер за време на планираниот лет ТЦХ314. Службата за итни случаи брзо реагираше, а патниците и екипажот не беа во опасност. Сакаме да им се заблагодариме на нашите патници на трпението поради одложувањето на летот- соопштија од компанијата.
