Зголемен бројот на заразени со ХИВ/СИДА во Албанија!

Објавено на 29 јуни, 2013 во 19:10

За првите пет месеци од годината во Албанија е зголемен бројот на новозаразени од ХИВ/СИДА.

Поради тоа инфектолозите бараат масовно тестирање од СИДА во земјата.Лекарите бараат тестот да биде задолжителен во гинеколошките клиники за бремените жени, а за да другите во поликлиниките.

 

„Трендот е во пораст. Само во првите пет месеци од годинава регистрирани се нови 56 случаи. Треба да се посвети посебно внимание на ова прашање. Тестирањето се нуди во Албанија и затоа тоа треба да се врши помасовно“ , рече инфектологот Арјан Харџи.

Во моментов има евидентирано 570 случаи со ХИВ/СИДА иако се верува дека тој број е многу поголем.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.