Јавноста во Србија бара смртна казна за убиецот на Тијана
По веста за апсењето на убиецот на киднапирната девојка Тијана Јуриќ, која беше пронајдена мртва, српската јавноста е вознемирена, а социјални мрежи се полни со коментарите со кои се бара смртна казна.
На Фејсбук е отворена страницата “Смртна казна за убиецот на Тијана Јуриќ”. Групата веќе има околу 10 илјади лајкови и ако ова продолжи, може да се собере доволно поддршка за предлогот за враќање на смртната казна, кој би се нашол пред Владата.
“Не само за Тијана туку и за другите кои ја доживеаа нејзината судбина! .„ Со Душановиот законик има да се доведат работите во ред, почнувајќи од педофилите, силувачите до убијците “, се дел од коментарите.
Министерот за полиција, Небојша Стефановиќ рече дека сторителите на такви дела треба да бидат најстрого казнети.
-Сите луѓе од полицијата кои работеа на овој случај се шокирани од суровото убиство. Како родител и министер верувам дека вакво кривично заслужува само најстрога казна – рече министерот Стефановиќ на местото каде што го пронајдоа телото на Тијана.
