Роденденот на рускиот претседател ќе стане празник, ден на учтиви луѓе
Руското Министерство за одбрана ја одобри идејата во Русија да се празнува Ден на учтиви луѓе. Предвидено е новиот спомен датум , 7 октомври, да биде посветен на луѓето со воено минато кои го “одржувале редот за време на референдумот во Крим” на 16 март , денот кога Крим пристапи кон Русија, јавува рускиот весник “Известија”.
Министерството ја одобрило законодавната иницијатива за нов празник, цитира за весникот заменик-министерот за одбрана Николај Панков. Според него воени единици во Русија исто ја одобруваат идејата на пратеникот од Игор Зотов.
Терминот “учтиви луѓе” се појави по влошување на ситуацијата во Украина. Тогаш, на крајот на зимата, непознати луѓе во маскирни облека без ознаки ја презедоа контролата врз клучните објекти во Крим , министерства и Врховниот совет, штабот на крајбрежната стража, аеродромите во Симферопол и Севастопол, државната телевизија и радио “Крим”, потсетува весникот . Очевидци посочиле дека луѓето со воени униформи немаат знаци на униформите , не коментираат од каде дошле, но се држат “многу учтиво”.
Подоцна претседателот Владимир Путин призна дека “љубезните луѓе” се од вооружените сили на Русија. “Зад грбовите на единиците за самоодбрана на Крим стоеја руски војници. Должни бевме да ја гарантираме безбедноста на Кримската жители, додека тече референдумот . Не смееме да заборавиме дека таму имаше 20 000 украински војници со тешка опрема. Должни бевме да сториме сé за да не се користат овие оружја против жителите на Крим “, рече Путин.
Пратеникот Зотов во изјавата за „Известија“ вели дека „благодарение на нашиот врховен командант и министерот за одбрана руската армија ја симболизира денес духовната сила на луѓето во Русија “. Според него 7 октомври, роденденот на Владимир Путин, е идеална датум за Ден на учтиви луѓе.
