Се роди прво бебе од трансплантирана матка
Објавено на 4 октомври, 2014 во 15:27
Триесет и шестгодишна Швеѓанка стана првата жена во светот која се породи откако и била изврешена трансплантација на матката.
Жената е родена без матка иако нејзините јајници биле непроменети. Во операцијата спроведена од страна на лекарите на Универзитетот во Гетеборг, нејзе и била донирана утроба од 61-годишен семеен пријател.
Една година по трансплантацијата, докторите вградиле замрзнат ембрион и ја следеле бременоста. Машкото бебе е родено предвреме, во септември, речиси 32 недели од бременоста. Бебето тежи 1800 грама.
И мајката и детето се во добра здравствена состојба. Таткото на момчето изјави дека неговиот син не се разликува од сите други деца, но дека тој ќе има добра приказна за раскажување
