Почнува соопштувањето на добитници на Нобелова награда
Објавено на 6 октомври, 2014 во 08:05
Денеска почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда.
Најнапред тоа ќе биде за достигнувања во медицината, додека утре и задутре ќе бидат соопштени добитниците на Нобеловата награда за физика и за хемија.
Најмногу шпекулации и годинава се плетат околу можниот добитник на Нобеловата награда за мир која се соопштува на 10 октомври. За неа се пријавени рекордни 278 кандидати.
