Пронајден женски труп во водите на Егејско море
Пронајден женски труп во водите на Егејското Море, но во овој момент не може да се тврди дека тоа е исчезната Дениса Марковска.
Тамошните медиуми посочуваат дека е можно тоа да е македонката Дениса Марковска, но треба да се има предвид дека во Егејското Море многу често се наоѓаат и тела на удавени емигранти, така што претпоставката може да е погрешна.
Како што јави Канал 5, со оглед на тоа дека телото било во поодмината фаза на распаѓање, потребно е да се утврди првин идентитетот, што е можно едиствено сo ДНК анализа.
Денiса Мaрковка исчезна пред 24 дена од брод на кој работела во Грција, а се појавија и повеќе шпекулации дека можеби е киднапирана или се удавила со паѓање од оградата на бродот „Серенисима“.
Се очекува истрагата која се врши на островот Родос и испитувањето на телото првин да го утврдат идентитетот па потоа да се објави дали воопшто е можно тоа да е телото на исчезната Дениса Марковска.
