Во Турција уапсени тројца германски фоторепортери
Тројца германски фоторепортери се уапсени во југоисточниот дел на Турција додека ги следеле демонстрациите на Курди против екстремистичката Исламска држава.
Тројца германски фотографи, биле прибрани во полициската акција против протестните акции на Курдите против ИД соопштува Газета.ру.Тоа се репортерите Бјорн Китцман, Крис Гродоцки и Рубен Нојгебауер кои пред еден ден се апсени во во Дијарбакирќе , а ќе бидат изведени пред судот на 13 октомври,
Портпаролка на германското министерство за надворешни работи, која побарала анонимност, ја потврдија информацијата и изјавила дека фоторепортерите кои биле уапсени од страна на турската полиција, биле во постојан контакт со турските власти.Според неа германската амбасада е во контакт и со фоторепортерите и локалните власти за разјаснување на ситуацијата.
